Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 32

:
Macedonian - 2006
1 По таквите дела и таквата верност дојде Сенахирим, царот асирски, навлезе во Јудеја, ги опседна утврдените градови со намера да ги освои.
2 Кога виде Езекија дека Сенахирим дошол со цел да војува против Еру­салим,
3 реши со началниците и со своите силни луѓе да ги затвори сите извори на вода надвор од градот; и тие му помогнаа.
4 Се собра многу народ и ги затрупаа сите извори и потокот, кој течеше низ земјата, велејќи: зошто кога ќе дојде асирскиот цар, да најде многу вода?
5 И се утврди Езекија, ги поправи си­те срушени ѕидови и ги издигна до кулата, а надвор изгради друг ѕид, го утврди Мило во Давидовиот град и изработи многу оружје и штитови.
6 Постави воени началници над народот и ги собра кај себе на плоштадот кај градските порти, па им говореше од срце, велејќи:
7 „Бидете тврди и храбри, не страху­вајте и не плашете се од асирскиот цар и од сето множество, кое е со него, заш­то со нас има повеќе, отколку со него;
8 со него е рака човечка а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и да се бори во битките наши.“ И народот се охрабри од зборовите на Езекија, царот јудејски.
9 Потоа асирскиот цар Сенахирим испрати свои слуги во Ерусалим, кога тој лично беше во Лакиш, и сета негова сила со него, до јудејскиот цар Езекија и до сите Јудејци во Ерусалим, да кажат:
10 „Вака вели Сенахирим, царот асирски: ‚на што се надевате и седите во Ерусалим опседнати?‘
11 Зар Езекија не ве мами, за да ве предаде на смрт од глад и жед, кога ви вели: ‚Господ, Бог наш, ќе нѐ спаси од раката на асирскиот цар?‘
12 Зар тој Езекија не ги премавна светилиштата Негови и жртвениците Негови и им рече на Јудејците и на Ерусалим: пред еден жртвеник поклонувајте се и врз него кадете!
13 Зар не знаете, што направив јас и предците мои со сите земни народи? Можеа ли боговите на земните народи да ја спасат земјата своја од раката моја?
14 Кој од сите богови на народите, што моите предци ги истребија, можеше да го спаси својот народ од раката моја? Ќе може ли и вашиот Бог да ве спаси вас од раката моја?
15 А сега, нека не ве мами Езекија и да не ве заведува така; не верувајте му; ако ниту еден бог на ниту еден народ и царство не беше во состојба да го спаси народот свој од раката моја и од раката на предците мои, тогаш и вашиот Бог нема да ве спаси вас од раката моја.“
16 И уште многу говореа слугите негови против Господ Бог и против Езекија, Неговиот слуга.
17 Тој напиша писмо, во кое Го хулеше Господ, Бог Израелов, и гово­реше против Него вакви зборови: „Како што боговите на земните народи не ги спасија своите народи од раката моја, така и Езекиевиот Бог нема да го спаси Својот народ од раката моја.“
18 И викаа со силен глас на јудејски јазик кон народот во Ерусалим, кој беше по ѕидовите, за да го заплашат и исплашат, та да го преземат градот.
19 И говореа за Бога на Ерусалим, како за боговите на земните народи, дело на човечки раце.
20 Тогаш царот Езекија и пророкот Исаија, синот Амоцов, се помолија и кренаа глас кон небото.
21 И Господ испрати ангел, кој ги погуби сите јунаци, главниот начал­ник и началниците на војската на асирскиот цар, и тој се врати посрамен во земјата своја. И кога дојде во домот на својот бог, таму го убија со меч оние кои беа излезени од неговите бедра.
22 Така го спаси Господ Езекија и ерусалимските жители од раката на асирскиот цар Сенахирим и од рацете на сите, и ги пазеше насекаде.
23 Тогаш мнозина почнаа да Му донесуваат дарови на Господ во Ерусалим и скапи работи на јудејскиот цар Езекија. И тој се издигна потоа во очите на сите народи.
24 Во тие дни се разболе Езекија до смрт. И Му се помоли на Господ, и Тој послуша и му даде знак.
25 Но Езекија не Му благодари за направените му добрини, зашто срцето негово се возгордеа. Затоа гневот Бож­ји падна врз него, врз Јудеја и врз Еру­салим.
26 Но штом Езекија се понизи поради горделивоста во срцето негово, тој и ерусалимските жители, гневот Госпо­дов не падна врз нив во Езекиевите де­нови.
27 Езекија имаше многу големо богатство и слава; си направи ризници за сребро и злато и за скапоцени камења, како и за благопријатни мириси, штито­ви и секакви скапи садови;
28 и одделни простории за земни производи: жито, вино и масло, и трла за секаков добиток и огради за стада.
29 Си изгради и градови. А стада од ситен и крупен добиток имаше многу, зашто Бог му беше дал многу голем имот.
30 Тој, пак, Езекија, го затвори горниот проток на Гионските води и го насочи удолу, западно од Дави­довиот град. И во секоја своја работа Езекија беше успешен.
31 Само кај пратениците на вавилонските цареви, што беа испратени до него да прашаат за едно чудо, што се случило на земјата, Господ го остави, за да го испита и да открие сѐ, што му беше во срцето.
32 Другите дела на Езекија и неговите добри дела се опишани во видението на пророкот Исаија, синот Амоцов, и во Книгата за царевите јудејски и израелски.
33 Почина Езекија кај своите предци, и го погребаа погоре од гробиш­тата на Давидовите потомци, а по неговата смрт сите Јудејци и жители ерусалимски му укажаа почест. И на негово место се зацари синот негов Манасија.